Еврокомесарот за проширување

Хан: Им честитам на сите оние што одлучија да тргнат по патот кон ЕУ

„Очекувам дека слободниот избор на сите пратеници е целосно почитуван, особено на оние што вечерва ја преминаа оградата“, порача вечерва еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, откако македонскиот парламент ги изгласа уставните промени, кои беа услов за Преспанскиот договор.

„Голем ден за демократија во Скопје 🇲🇰! Им честитам на сите оние што одлучија да тргнат по патот кон ЕУ. Очекувам дека слободниот избор на сите пратеници е целосно почитуван, особено на оние што вечерва ја преминаа оградата. Ни требаат државнички, а не партиски игри“, напиша Хан на Твитер.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе