За Северна Македонија и Албанија

Хан: Го поздравувам гласањето на Бундестагот за почнување преговори во октомври

„Го поздравувам денешното гласање на германскиот Бундестаг за почнување на преговорите за пристап на Северна Македонија и Албанија во октомври. Признавањето на конкретниот напредок е клучно како поттик за реформи во Западен Балкан и за кредибилитетот на ЕУ!“, напиша еврокомесарот во заминување Јоханес Хан на Твитер, навестувајќи го исходот од гласањето.

Бундестагот денеска спроведе официјално гласање за почеток на преговорите со Европската Унија за двете земји.

Владејачките германски партии ЦДУ и СПД завчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток на преговорите со Европската Унија за Северна Македонија и Албанија

За почнување на претпристапните преговори со ЕУ конечната одлука ќе ја донесе Советот на Унијата кон средината на следниот месец.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе