ВО РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ЕУ ВО ПРЖИНО

Хан ги започна средбите со лидерите, прв беше Заев, следен е Груевски

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан од 10:30 часот е во резиденцијата на Европската унија, каде започна одделни билатерални средби со лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, потписници на договор од Пржино.  Според досегашните искуства од посетите на еврокомесарот, повторно се очекува долг неизвесен преговарачки ден, кој треба да заврши со новата планирана лидерска средба.

Хан прв разговараше со првиот човек на СДСМ. Заев пристигна во придружнба на заменик-претседателот на партијата Радмила Шеќеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски. По средбата со еврокомесарот кажа ги пренеселе нивните ставови, а потенцираше на императивот за медиумите да бидат отворени за сите учесници во изборниот процес, како и за важноста за прочистувањето на Избирачкиот список.

„Сите пресметки сами ќе се направат, особено премиерот со оставката, и самиот е свесен дека не се стигнува со роковите за проверка на изборачкиот список, нешто што беше нешто поважно уште пред политичките бомби, медиумите се лесно мерливи величини, денеска се разглобуваат сите детали, и сите имаме обврска чесно да пристапиме кон граѓаните и да изразиме слободно изразена волја. Опозицијата е најважниот фактор кој треба да обезбеди кристално чисти избори“, рече лидерот на СДСМ по средбата со еврокомесарот Хан.

По Заев, на средба со Хан влезе премиерот Никола Груевски, кој е во придружба на голем број соработници - тројцата министри Зоран Ставревски, Никола Тодоров и Никола Попоски, како и Мартин Протуѓер и координаторот на пратеничката група Илија Димовски.

Се очекува по ова да следува и средба со Али Ахмети и Мендух Тачи.

Инаку, Хан во Скопје дојде во со намера да направи увид во досегашното спроведување на точките од политичкиот договор за излез од кризата. Еврокомесарот наидува на депонирана, но не активирана оставка од премиерот Груевски, односно условена со „100 дена пред официјален датум за избори“.

Изборите веќе беа договорени на 24 април, но низ јавноста се отвори дискусија за нивно можно одложување, пред се поради одложувањето на неколку рокови и нерешени точки од договорот. Па, Хан со партиите потписнички на договорот од Пржино треба да разговара, да се дефинира и веројатно да се расчистат сите нејаснотии околу датумот за одржувањето на изборите.

Ова ќе значи отворање и интензивно преговарање за нерешените прашања за методологијата и прочистувањето на Избирачкиот список и потребните реформи во медиумската сфера, но и неколку проблематички точки наведени во т.н. извештај на Прибе.

За побрзо решавање на ваквите прашања паралелно од вчера попладнето во Клубот на пратеници се одвиваат и работните групи со белгискиот олеснувач Питер Ванхојт.  

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе