Земјава доби зелено светло за датум за преговори

Хан: Добри вести за Северна Македонија!

Македонија повторно доби зелено светло од Европската комисија за датум за почеток на преговори со ЕУ. Датумот сега треба да биде одобрен од земјите-членки на Европската Унија.

„Полна куќа во Комитетот за надворешни работи во Европарламентот на презентацијата на мојот последен пакет за проширување. И има добри вести за Албанија и Северна Македонија!“, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Европската комисија ги повтори своите препораки од лани за сега да ги отвори пристапните преговори со обете земји!““

Еврокомесарот ги презентираше достигнувањата на земјите од Западен Балкан во поглед на спроведените реформи, ставајќи посебен акцент на Преспанскиот договор и договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија.

Тој ја наведе земјава како „светол пример“ во регионот.

Клучна сепак останува одлуката на земјите членки на ЕУ за датумот за преговори, одлука која се очекува најрано во текот на јуни, но која би можела да биде одложена за јули или септември.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе