меѓунарoден притисок за договорот

Хан денеска во Скопје, наеднаш сите станаа оптимисти за спроведувањето на договорот од Пржино

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска во Скопје ќе се сретне со лидерите на политичките партии потписнички на договорот постигнат лани во јуни и јули во Пржино. Тој најави дека на средбите ќе ги потсети уште еднаш лидерите на нивната одговорноста за спроведување на овој договор, вклучувајќи ја и потребата за обезбедување услови за веродостојни избори, во согласност со веќе усогласените рокови.

Во изјавата пред неговото денешно доаѓање Хан потсети и на важноста на спроведувањето на итните реформски приоритети што Европската комисија ги издаде за Македонија, за што македонските политички лидери исто така се обврзаа.

„15-ти јануари е клучниот рок на политичкиот договор чија имплементација е важна и за Владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека преостанатите елементи од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета, овозможувајќи им на изборните власти да организираат веродостојни избори во согласност со договорената временска рамка“, стои во вчерашната писмена изјава на Хан.

Денеска, според договорот од Пржино, е и рокот кога треба да се избере техничка Влада со нов привремен премиер, чија единствена задача ќе биде спроведување на изборите закажани за 24 април. Вчера Никола Груевски најави оставка која ќе биде активна 100 дена пред официјално закажаните избори. ВМРО-ДПМНЕ за привремен премиер го предложи генералниот секретар на партијата Емил Димитриев.  

По враќањето во Македонија на посредникот во преговорите Питер Ванхојт, вчера, сигурно во координација со денешната посета на Хан, наеднаш продолжија преговорите во Клубот на пратениците во Скопје. Членовите на работната група вчера ги продолжија разговорите за медиумите и за Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список и Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренски проверки заради негово ажурирање.

Ванхојт вчера даде изјава дека преговорите ќе се одржуваат и дека тој смета дека брзо ќе има и конкретни резултати.

Во понеделникот во Македонија на оваа тема со претставниците на политичките партии, со ДИК и со специјалната обвинителка разговараат и европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан. И нивната главна цел беше да го забрзаат спроведувањето на обврските од договорот во Пржино.

Во Вашингтон на оваа тема неделава разговараа и потпретседателот на САД Џо Бајден и премиерот на Македонија Никола Груевски.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе