Хан: Членките на ЕУ треба да се изјаснат дали се за ЕУ интеграцијата на Западниот Балкан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се огласи на Твитер по вчерашниот неуспех на лидерите на ЕУ да донесат јасна и суштинска одлука, како што ветија во јуни, за стартот на преговори со Македонија и Албанија.

„ЕУ лидерите не успеаја да ги исполнат своите заложби за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија на Европскиот Совет. Ова претставува екстремно разочарување. Земјите членки на ЕУ сега треба да се изјаснат за тоа колку е сериозна нивната заложба кон ЕУ интеграцијата на Западниот Балкан“, напиша Хан.

Слична порака упати и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

„Најмалку што Европската Унија му должи на регионот е да биде јасна кон нас. Ако не постои веќе консензус за европската иднина на Западниот Балкан, ако ветувањето од Солун во 2003 повеќе не важи, граѓаните заслужуваат да знаат“, напиша Димитров.

Комесарот Хан повтори, како и во Луксембург, дека ова не е момент со кој може да се гордее ЕУ.

„Да се одбие признанието на докажан напредок ќе има негативни последици, вклучително и ризикот од дестабилизација со целосен импакт врз ЕУ“, предупреди Хан.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе