Со порака од Познањ

Хан: Цел Западен Балкан треба да го следи примерот на Северна Македонија за реформите

Целиот регион на Западен Балкан треба да го следи примерот на Северна Македонија и треба да ги забрза реформите, особено во сферата на владеењето на правото, почитувањето на човековите права и доброто извршување на власта, порача денеска на еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на Самитот за Западен Балкан во полскиот град Познањ.

Според Хан, „ЕУ мора да ги почитува своите ветувања и да ја награди „земјата што постигна историски напредок“, во спротивно ќе го наруши својот кредибилитетот.

„Стојам зад препораката на Европската комисија за започнување на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија и сметам дека Советот на ЕУ во октомври ќе ја потврди нашата позитивна оценка. Двете земји спроведоа реформи, особено во сферите наведени во заклучоците на Советот од јуни 2018“, рече Хан.

Еврокомесарот додаде и дека земјите од Западен Балкан во наредните години и натаму ќе можат да сметаат на поддршка од ЕУ во спроведувањето на реформите преку програмата ИПА 3, за која во следниот период е предвидено зголемување на средствата за 13 проценти.

Според Хан, економиите на земјите од Западен Балкан се веќе силно поврзани со ЕУ, на што укажува фактот дека над 70 проценти од трговската размена на регионот е со државите од Унијата.

 

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе