Поранешниот министер со порака

Хајредини: Се чека да застари делото против функционери поврзани со „Маѓар телеком“

Дури и пресудата на судот во Њујорк не беше доволна за во Македонија да се гонат корумпираните функционери кои од Телеком примале по 2,5 милиони евра мито, порача поранешниот министер за финансии Џевдет Хаједини, според кого македонското судство чека предметот „Маѓар телеком“ да застари и го постасвува прашањето да не се чека на ветинг? Хајредини се прашува дали премиерот Ковачевски знае за ова мито.

„Се прави или не знае Ковачевски за митото од по 2,5 милиони евра што директорите на Телеком го исплатиле на нашите државни функционери?
За ова дело судот во Њујорк директорите на 'Маѓар телеком' ги казнил, а во Македонија се чека делото да застари, иако Врховниот суд, по нивна жалба, одлучи дека сведокот за овој предмет не клеветел“, напиша Хајредини на својот фејсбук - профил.

Инаку, за овој предмет во 2008 годинна истрага отвори Основното обвинитество Скопје, а како предмет влезе во судот во 2011 година каде „заглави“ низ судските лавиринти. Врз база на снимени телефонски разговори го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кое во 2019 година го имаше првото судско рочиште.

Поради годините на „старост“, предметот се суди според стариот закон за кривична постапка. Се измениле и обвинители и адвокати, повеќе од половината закажани рочишта биле одложени. Предметот всушност е далеку од правосилна пресуда.

Независно што предметот е поврзан со странски државјани, врз база на сведочења се поврзува и со домашни политичари од Скопје и Тетово.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе