Хaјредини: Груби опстанува затоа што од Заев ги има „бомбите“ за Ахмети

Ахмети е заробен од Груби, затоа мора да го брани. Груби поседува бомби што ги добил од Заев, па сега Ахмети е врзан, вели поранешниот министер за финансии и аналитичар Џевдет Хајредини за причината за одбраната на Ахмети на Груби. Високи претставници на ДУИ го повикаа претседателот на партијата Али Ахмети да расчисти со самоволието на Артан Груби. За ТВ Алфа Хајредини ги толкува пораките на лидерот на партијата на власт, нагласувајќи дека ДУИ може без секого.

„Симптоматично е и тоа што Али Ахмети не вика дека ДУИ може и без Артан Груби. Можеби тоа му е лапсус, меѓутоа, има факти кои збортуваат дека тоа не е случајност, затоа што, од она што е познато, Артан Груби по вина на Зоран Заев располага со т.н. „бомби“, кои се се забранети со закон. Али Ахмети избегнува да го спомене затоа што и тој самиот е заложник на Груби“, истакна Хајредини.

Тој вели дека прислушуваните разговори кои ги поседувал Груби му дозволиле да се стекне со, како што вели, против-уставната функција прв-заменик премиер.
„Артан Груби располага со такви адути, па успева да се избори за позиција 'прв заменик', што го нема во ниту еден закон или во Уставот. Во Уставот нема ниту заменик премиер. Уставниот суд тоа го забрани. А тој, како што му одговара, да биде прв и да не работи ништо од она за кое е платен, а да работи за тоа што не е платен“, додаде Хајредини.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе