Реакција

Хајредини до Заев: Со легализација на дивоградбите се прави заемна амнестија на партиски криминални структури

Зошто и до сега не се урнати тие 50 илјади дивоградби за кои зборува премиерот Заев, реагира на својот фејсбук-профил аналитичарот и поранешен министер за финансии Џевдет Хајредини.

„Заев изјави дека ако законот не се врати во Собрание, веднаш ќе треба да почнат да се рушат овие 50 илјади објекти на граѓаните. Зошто до сега не се рушени? Ова не е заштита на 50.000 објекти на граѓаните, туку е заемна амнестија за партиски криминални структури кои граделе на узурпирано државно земјиште. Од нив зависи и владината „стабилна коалиција".

Ова е и озаконување на криминалот на урбаната мафија. Ова е уште еден доказ дека Македонија навистина направила многу повеќе, отколку што ЕУ бара од неа. Ова е и заеднички договор за непочитување на законите и на правната држава“, се вели во реакцијата на Хајредини на изјавата на Заев.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе