Македонија-Германија

Хајко Мас, германскиот министер за надворешни работи денеска во Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.

Мас ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а на средбата, како што најави МНР, ќе се разговара за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи.

Исто така, ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.

Освен со Димитров, се очекува германскиот министер за надворешни работи да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

На заедничка иницијатива на германското Министерство за надворешни работи и претседателот на Македонија ќе се одржи дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“.

Пред посетата на Скопје шефот на германската дипломатија во интервју за Дојче веле изјави дека Германија не поддржува никакви алтернативи на полноправното членство во ЕУ за Македонија и другите земји од Западниот Балкан. Мас е оптимист дека во наредниот период ЕУ ќе постигне компромисно решение за почеток на пристапните преговори со Македонија, но предупредува дека реформите не смеат да запрат.

Тој го оценува Преспанскиот договор за „историско достигнување“ и предупредува дека „неговото поништување ја води Северна Македонија во ќорсокак“.

 

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе