Средба Мас-Димитров

Хајко Мас: Германија ќе лобира за Македонија во ЕУ и НАТО

Министерот за надворешни работи на СР Германија Хајко Мас, го поздрави постигнатиот договор со Грција за името и изрази надеж дека во иднина и одлуките кои ќе бидат во однос на НАТО и ЕУ ќе бидат јасен сигнал за граѓаните на Мaкедонија.

„Се надевам дека во вашата земја ова решение ќе биде добро примено од граѓаните. Ние ќе продолжиме и понатаму да го поддржуваме тој процес“, изјави Мас на заедничката прес-конференција во Берлин со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

Посочи дека ова прашање е одлучувачко за европските и за германските интереси.

„Во Македонија изминатите години има импресивен процес на реформи кој сега покажува резултати во самата земја и заслужува да добие признание од целата Европска унија. Затоа ве поддржуваме да покажувате решителност и понатаму и да ги остварите потребните реформи“, рече Мас.

Мас изрази надеж дека во иднина и одлуките кои ќе бидат во однос на НАТО и ЕУ ќе бидат јасен сигнал за граѓаните на Македонија и ќе потврдат дека ќе се оди понатаму во правец на европската перспектива.

„Не сакаме некои други некои сили да ги остваруваат своите планови во вашиот регион. Ние веруваме во европската перспектива која е во корист на целиот регион“, изјави Мас.

На новинарско прашање дали е подготвен да лобира за помош за придвижување на евроинтеграцискиот процес на Македонија, рече дека се апсолутно подготвени.

„Уверен сум дека позицијата на Владата ќе биде прифатен од Парламентот, како и од нашите холандски и француски пријатели со кои интензивно ќе разговараме во следните денови за да дојдеме до заедничка позиција“, рече Мас.

 

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе