АНАЛИЗА

„Хафингтон пост“: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и партнерите доведе до најголемата поларизација на целото општество

Под наслов „Креативна деструкција во Македонија“, „Хагингтон пост“ пишува за кризата која ја зафати Македонија, наведувајќи дека „бомбите“ секогаш асоцираат на уништување.

Концептот на „креативна деструкција“, кој беше создаден од економистот Џозеф Шумпетер во 1942 година, се чини дека во голема мера е применлив за политичката ситуација која што се развива во Македонија во текот на изминатата година или две, пишува весникот.

Ни малку ненамерно, владејачките елити во Македонија се ангажирани во трајни домашни политизирања кои до сега резултираа со социјална и политичка деструкција која доаѓа со потенцијал за креативен социјален и политички инженеринг и најверојатно, појавата на нешто ново.

Македонија се наоѓа во постојани политички промени, комплексност и несигурност со големина која досега не е видена во нејзината понова историја. Се разбира, таквата политичка и социјална средина создаде длабоко чувство на вознемиреност меѓу обичните луѓе во Македонија. Се чини дека никој не знае што следува натаму и како ќе се реши политичкиот ќор-сокак и целата збрка.

По големиот успех на опозициската СДСМ, под раководство на Зоран Заев, сериозно е исфрлено од рамнотежа владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, која во текот на годините стекна голема моќ со која опстојува и ја контролира власта, пишува медиумот и наведува дека Македонија се соочува со голема неизвесност и уште поголема дилема.

Гледано наназад, за многумина оваа дилема е од типот „Можно е нашите владејачките елити навистина да се ангажирани со цел да направат коруптивни и нелегитимни работи?“ Перспективно, пак, дилемата на луѓето е од принципот „Можна ли е промената и може ли биде добро за нас и Македонија?“

Има аргументи дека постојат доволно и многу причини и последици кои гарантираат, па дури и диктираат промена на политичкото раководство која треба да се случи на следните избори. Иако овие причини се побројни, авторот на анализата се осврнува  само на четири, поради кои, како што вели, оние кои владеат во текот на изминатата деценија треба да бидат целосно одговорни: поларизација на општеството, иселување на младите и уништување на човековиот капитал во Македонија, најниската благосостојба во цела Европа и лошите надворешни политики и дипломатија.

Кај здрави и зрели демократии, политичката моќ е дисперзирана на таков начин што тоа резултира во природна поделба на инструментите и средствата на власта. Тоа не е случај со Македонија, каде особено во изминатата деценија има огромна и крајно хиерархиска концентрација на политичка моќ. Периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините партнери резултираше со можеби најголемата поларизација, труење и кинење на структурата на целото општество.

Оваа состојба не е ограничена само на политичкото опкружување. Таа неизбежно се пренесува во секојдневните работи, што во голема мерка зборува за состојба меѓу апатија и очај. Најалармантно е што Македонија се соочува со огромен егзодус и иселување на својата младина.

„Другиот ден од посетата шетав низ населбите во местото каде што пораснав, и ми беше кажано од страна на локалното население дека речиси секоја втора куќа е празна, луѓето ја напуштиле својата татковина за да живеат на друго место“, пишува авторот.

Во текот на изминатите неколку недели, сите медиуми блиски на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, известуваа за различни отворања на новоизградени или реновирани спортски сали и рекреативни комплекси во различни градови и села низ Македонија.

Се разбира, почесен гостин на сечење на лентата секогаш е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски.

Сепак, тажната заднина на оваа слика е фактот дека десетици, ако не и стотици илјади млади луѓе ја напуштиле Македонија во текот на изминатата деценија и се расфрлани низ Европската унија и пошироко во потрага по работа и по пристоен живот. Прашањето што се поставува е: “Колку млади останале да уживаат во овие нови или реновирани спортски и рекреативни објекти?”

Владејачките елити не можат веќе да го имаат луксузот да ја префрлаат вината за состојбата во Македонија на други, па и дека се должи на владеењето на претходните влади на СДСМ. Напротив, моменталната состојба мора да се прифати дека резултат од владеењето на владејачките партии кои ја имаат целосната моќ во текот на изминатата деценија.

Тие се одговорни. Тие треба да биде повикани на одговорност вели авторот, и потсетува дека повеќе нема млади луѓе кои би оделе во спортските сали, како и тоа дека и покрај отворањето на економските зони, останува високиот процент на невработеност и огромниот број на луѓе кои се целосно сиромашни, пишува во анализата.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе