Грчки министер за Скај ТВ

Хаѕидакис: Не го сакаме Договорот од Преспа, но не рековме дека не сакаме европска перспектива на Скопје

Случувањата во Северна Македонија на некој начин треба да нѐ држат во одредена будност, изјави министерот за енергија и животна средина на Грција, Костис Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај. 

Хаѕидакис, како што јавува МИА од Атина, повторил дека актуелната грчка Влада не се согласува со Договорот од Преспа, но како меѓународна спогодба мора да ја почитува, истакнувајќи дека Атина ја поддржува европската перспектива на Скопје.

„Очигледно дека не го сакаме Договорот, но рековме дека ќе го почитуваме и ќе се бориме за колку е можно повеќе да го подобриме. Но, не рековме дека не сакаме европска перспектива на Скопје. Кажавме дека сакаме под услови и предуслови, доколку Скопје се усогласува со европското законодавство”, рекол грчкиот министер.

Во однос на тоа дали евентуалниот развој на настаните во Северна Македонија би го ставил во опасност Договорот од Преспа, Хаѕидакис објасни дека станува збор за меѓународен договор што е на сила, а тоа ги обврзува и Скопје и Атина.

„Ова го кажувавме и пред изборите. Ни велеа ‘Добро вие кога ќе дојдете нема да го смените договорот?’, ние велевме ‘Луѓе договорите обврзуваат во рамките на ОН, тоа е меѓународното право на договорите’. Во спротивно, ќе дојде, да речеме Турција и утре-задутре ќе каже нам не ни се допаѓа Лозанскиот договор, ќе го смениме”, рече Хаѕидакис.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе