Брисел

Хачинсон: НАТО ќе ја брани Македонија од руска агресија

Постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон изјави дека Алијансата ќе направи се што е можно за да ја заштити Македонија од, како што вели, агресија од страна на Русија и покрај тоа што процедурата за прием на земјата во организацијата се уште не е почната заради нерешеното прашање за името, пренесува МИА од Брисел.  

- Ако спорот за името не се реши до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием, ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија, и во НАТО ќе направиме се што е возможно за да и помогнеме на земјата  да  се спротивстави на погубното влијание од страна на Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност, истакна Хачинсон на денешниот телефонски брифинг за новинарите. 

Самитот на НАТО ќе се одржи на почетокот од јули во Брисел, а Македонија се надева дека дотогаш ќе биде решено прашањето за името и ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе