Македонско-бугарска граница

Гужви на Деве Баир за влез во Македонија, колона од еден километар

Попладнево надлежните органи се пофалија дека колоните возила на граничните премини за време на продолжените празници се веќе минато. Но, демантот сигна вечерва од наш читател кој веќе два часа чека во колоната од возила долга околу еден километар за влез во Македонија кај Деве Баир. Фотографиите се направени на бугарска страна.

И во петокот, на македонско-бугарската граница на Деве Баир за влез во Бугарија се чекаше по околу еден час. За време на секој македонски празник, на преминот Деве Баир колоните се долги, патниците се нервозни и револтирани.

Попладнево беше соопштено дека денеска за влез во Македонија преку овој граничен премин, иако имало зголемена фреквенција на возила, поради неработниот ден, на македонска страна се чекало најмногу до десет минути. Од македонска страна биле отворени сите линии па бил овозможен непречен проток на патници и возила.

На бугарска страна отворена е само една линија.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе