Европа повеќе не е рај за новинарите

Гутиерес: За 5 години убиени се 24 новинари, од нив 13 во ЕУ

Европа повеќе не е „рај” и безбедна средина за новинарите, порача денеска генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерес на Светскиот форум за демократија во Стразбур на завршната дебата на тема „Слобода на говорот и заштита на новинарите”.

За време на дебатата Гутиерес рече дека лошите услови во општеството се причина за зголемување на автоцензурата кај новинарите и покрај тоа што граѓаните нив ги доживуваат како чувари и заштитници на демократијата. 

”Изгледа дека овие чувари ги загубија загибе и тоа многу ме загрижува”, додаде Гутоерес. 

Денешното новинарство тој го нарече пиратско, објаснувајќи дека не е исто како она новинарство што било пред 20 или 30 години и додаде дека медиумите се одговорни за содржината што ја објавуваат, што не е случај со новинарството на социјалните мрежи. 

Како пример за безбедната средина во која работат новинарите Гутиерес го спомена случајот со Турција, која, според него, станала најголем „затвор” за новинарите. 

Во дебатата учествуваше и Харлем Дезире, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, кој во расправата за убиствата на новинарите појасни дека сите новинари кои биле убиени претходно добивале закани. Но, како што рече, жалбите на новинарите никогаш не биле земани предвид доволно сериозно. 

Според Метју Каруана Галициа, син на убоиената новинарка Дафне од Малта, и две години по убиството се уште не се знае ни кој го нарачал ни кој го извршил убиството на неговата мајка, која „беше убиена поради нејзината работа”. 

Овогодишниот Светски форум за демократија во Советот на Европа во Стразбур беше посветен на медиумите, на информациите и дезинформациите. Околу 1.700 учесници расправаа за тоа како лажните вести ја доведуваат во опасност демократијата, кои медиуми шират пропаганда а кои навистина информираат, за вербалното и физичкото насилство над новинарите кои ја откриваат вистината. Универзитетски стручњаци, новинари, активисти од невладини организации расправаа и за тоа дали на социјалните мрежи ичесниците, покрај слободата да објавуваат што сакаат, мора да имаат и поголема одговорност, бидејќи тие се влијателни исто колку и традиционалните медиуми. Треба ли да се регулира доменот на социјалните медиуми_ Кој треба да го направи тоа, државата или самите социјални мрежи чии сопственици, како што беше кажано, имаат до сега невидена моќ што ја имал некој поединец во историјата, се само дел од прашањата на кои се бараше одговор. 

Во рамките на расправата, меѓу другото се слушна и иницијативата на асоцијацијата Член 19 која предлага формирање Совет на социјални медиуми, приватен механизам кој по примерот на АВМУ на пример, би постоел на меѓународно и на локални, односно национални нивоа. Советот би понудил голем форум и би имал советодавна функција кога се работи за управувањето со содржини на социјалните мрежи. односно, би објавувал кои содржини можат да бидат повлечени, а кои не, во името на слободата на изразување. На овој совет би можече да му се обраќаат учесници на социјалните мрежи. 

Ова беше осми по ред Светски форум за демократија. 

 Жана П. Божиновска, од Стразбур

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе