Собрание

Групата за помирување продолжува со работа, има законски предлози за селективна амнестија

Интерпарламентарната група за интеграција, реформи и помирување продолжува со работата. Од групата за помирување велат дека има правен начин како да се оправда селективната амнестија за обвинетите за настаните вп Собранието на 27 април минатата година. Наредниот состанок е закажан за в среда кога би можело веќе да има некаков предлог за законско решение за амнестија на 8-те независни пратеници.

Претседателот на групата за помирување Зеќир Рамчиловиќ, еден од поранешните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кој гласаше за пристапување кон уставни промени, вели дека на овие консултации поканета е и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Рамчиловиќ вели дека предлозите за законот се уште јавно не се изнесени, но кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бил информиран за наредните чекори.

„Најдовме правни формулации, да не влијаеме врз судството, ние како Собрание да донесеме закон за амнестија“, изјави денеска Рамчиловиќ, претседател на групата за помирување на Интерпарламентарната група.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат сѐ уште не се запознаени со новото законско решение и повторија дека нема да учествува на такви фингирани форуми на кои ќе се дискутира за селективна амнестија.

Од СДСМ пак велат дека нема да има амнестија на оние кои извршиле насилство на 27 април.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе