За влез во трета земја како нивно трајно прибежиште

Група од 43 авганистански граѓани замина од државава со подготвена документација

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од државава откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета земја како нивно трајно прибежиште.

„Во текот на привремениот престој, нашите институции овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации. Овие цивили беа спасени во големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во Авганистан“, соопшти прес-службата на Владата.

Во соопштението се наведува дека во моментов во земјава престојуваат 505 авганистански граѓани. Од Северна Македонија до сега заминаа 128-мина на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе