Од МВР информираат дека потрагата по нив и натаму трае, дека и натаму ги бараат и во Скопје и на други локации низ земјава.
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи вчера изјави дека одговорноста за бегството на двоецот од тајната полиција треба да се бара кај судот кој четири часа го праќал решението за притвор до МВР.
Грујовски и Бошковски се обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“ во кои Специјалното јавно обвинителство ги товари за нелегалното прислушување во земјава и за уништувањето на опремата за прислушување.