Според грчките медиуми

Грујевски и Бошкоски сакале од Солун да заминат за Будимпешта

Министерството за правда сè уште не добило барање од МВР за да отпочне постапката за екстрадиција за бегалците, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои беа уапсени синоќа во Грција. 

Македонското Министерство за внатрешни работи, пак, како што велат оттаму сѐ уште чека потврда од Грција дека Грујевски и Бошкоски се уапсени.

Додека МВР и Министерството за правда официјални потврди и барања, грчките медиуми, повикувајќи се на информации од грчкото МВР, јавуваат дека двајцата македонски државјани, поранешни припадници на разузнавачка служба, со фалсификувани пасоши се уапсени на солунскиот аеродром кога се обидувале да ја напуштат земјата.

Според грчките медиуми, Грујевски и Бошкоски имале намера да патуваат од Солун за Будимпешта.

И двајцата се во бегство од пред три месеци за да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена откако СЈО поднесе обвиненија за предметот „Тврдина и Таргет“, заради незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема. 

СЈО сега чека што побрзо екстрадиција на Грујевски и Бошкоски.

„СЈО е информирано за приведувањето на двете лица во Грција. Во овој дел од постапката СЈО нема надлежност, но очекуваме екстрадициската постапка да заврши што побрзо, како и дека обвинетите ќе бидат префрлени во Македонија и дека судењето ќе започне побрзо“, велат од СЈО за МКД.мк. 

 

 

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе