Будимпешта

Груевски во Унгарија влегол легално, унгарската полиција ја прекина истрагата

Никола Груевски во Унгарија влегол со легални патни документи. Тој при премин на српско-унгарската граница поседувал важечки документи, утврди унгарската полиција. Ова значи дека истрагата за тој случај е прекината, соопшти унгарската полиција.

Поранешниот македонски премиер, кој во Унгарија доби азил, неколку пати изјави дека при бегството од Македонија имал легални патни документи и дека во Унгарија стигнал преку Албанија, Црна Гора и Србија.

„За време на истрагата е утврдено дека Груевски поседувал легални патни документи на унгарско-српската граница и на останатите гранични премини, како и дека неговиот влез во Шенген-зоната бил во согласност со законските прописи“, пишува унгарскиот полициски извештај.

Според овој извештај, во случајот на Груевски не е утврден незаконски премин на границата. Но, како што јавуваат унгарските медиуми, не е прецизирано точно со кои документи тој патувал до Унгарија.

Груевски изјави дека ја напуштил земјава поради закани и политички прогон.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе