Груевски: Во Брисел не прифативме ни техничка ни преодна влада

„Во Брисел не прифативме техничка влада, ниту преодна влада, ниту нешто слично, а тоа што се случуваше беа различни идеи на луѓето што се обидуваа да ни помогнат, а кои господинот Заев ги одби од прва до последна“, изјави денеска премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги преговорите во Брисел од 10 јуни, пренесе Мета.

Груевски преговорите ги оцени како неуспешни, за што вината ја лоцираше кај лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

„Јас и не дадов коментар за повеќе од предлозите бидејќи тој ги одби и јас не можам да одбивам или прифаќам нешто што веќе е одбиено. На крајот сè се сведе на еден негов предлог, кој јас го одбив. Разговорите, се надевам, ќе продолжат на еден или друг начин“, рече Груевски при денешната посета на Ресен.

Тој истакна дека ВМРО – ДПМНЕ е подготвена за избори во секое време.

„Дали СДСМ би сакал да бидат сега, односно кон крајот на јули, бидејќи законски е да се имаат минимум 45 дена за организирање избори, или ако сакаат во август, септември, ноември или во април следната година. Ние веруваме во она што го работиме и веруваме дека граѓаните тоа го почитуваат, го ценат, го следат и дека повторно ќе добиеме убедливо мнозинство и поддршка од граѓаните на Република Македонија“, рече Груевски.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе