Груевски со нотарски акт на унгарски јазик ја доставил оставката во Собранието

Најавената oставка од пратеничката функција, поранешниот премиер Никола Груевски, сега азилант во Унгарија, била доставена во Собранието на Република Северна Македонија во средата на 5-ти јуни, објави МИА.

Се очекува в понеделник на координација претседателот на Собранието заедно со координаторите на пратеничките групи да ја разгледаат оставката на Груевски и да одлучат дали ќе биде ставена на дневен ред на првата наредната седница закажана за во вторник, имајќи предвид дека веќе се води постапка за одземање на неговиот мандат, точка на дневен ред ставена на истата седница.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА изјавил дека оставката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

„Примена е на 5-ти јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците“, рекол Џафери.

Оставката, како што најавува, ќе биде разгледана в понеделник на координација и притоа ќе бидат земени предвид одредбите од Деловникот и од Уставот кои се однесуваат на оставка на пратеник, но и фактот дека во Собранието веќе има соодветна постапка за одземање на неговиот мандат.

Доколку Џафери и координаторите на пратеничките групи во понеделник одлучат да ја прифатат оставката на Груевски доставена преку нотарски акт како лична изјава, таа ќе се најде на дневен ред на 102. седница на Собранието закажана во вторник на 11 јуни.

Џафери вели дека мора да се направи консултација и со опозицијата и со владејачкото мнозинство како да се постапи поради тоа што ова е специфичен случај за што нема посебни ставки и одредби во нашата легислатива.

Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања со пет гласа „за“ и ниту едне глас против и без воздржани на 29 мај донесе одлука со која му предлага на Собранието одземање на мандатот на Груевски поради шестмесечно отсуство од ноември до мај оваа година. Одлуката на Комисијата е на дневен ред на седницата закажана во вторник на 11 јуни. За да му се одземе мандатот на Груевски со гласање во Собранието потребно е двотретинско мнозинство што не се знае дали може да се постигне, имајќи ја предвид постапката на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ односно неизјаснувањето на седницата на Комисијата.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе