ИНТЕРВЈУ ЗА „РЕПУБЛИКА“

Груевски со книгата на Трамп размислува за „лек“ за „армијата на Сорос“ во Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во божиќното мегаинтервју за неделникот „Република“  чија главна тема е Сорос и активностите во Македонија говори за светот под контрола на Сорос, неговата моќ да ги подреди политиките во служба на својата идеологија за отворени општества и за, како што вели, сите милиони што ги истура во Македонија. 

„Поминавме тешка, но и интересна година. Да, имавме тежок противник, при што не мислам на СДСМ, тој беше само параван, инструмент, маша… Да не беше зад него Џорџ Сорос со сите милиони што ги истура во Македонија, со целата мрежа од невладини организации, медиуми, политичари, внатре и надвор, што ги плаќа, влијание во најмоќните држави во светот, и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји како нашата, немаше да е толку тешко, а и економијата ќе беше посилна, ќе имавме повеќе нови отворени работни места. Иако и ова што го постигнавме не е за занемарување во една ваква тешка ситуација“, вели Груевски.

Во интервјуто под наслов „Граѓанскиот сектор не смее да остане монопол на Сорос“, на прашањето зошто Сорос е насочен кон Македонија, односно кон ВМРО-ДПМНЕ, Груевски вели дека тоа „не е од сега, тој 25 години дејствува така, но во последните 2-3 години позајакнато“.

„Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ  е на власт, неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ. И секогаш кога СДСМ е на власт, повторно неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ, како центарска, десничарска и конзервативна политичка партија. Не постои една работа што ја направила ВМРО-ДПМНЕ во овие 25 години, а за која една негова институција, како институтот Отворено општество, НВО финансирана од него, медиум или слично, рекла дека тоа е добро. И обратно, нема ниту еден чекор на СДСМ што го осудиле. Значи, сѐ што е од нас е лошо, сѐ што е од СДСМ е добро или ако не е добро, барем се премолчува. Човекот што 25 години е главен на институтот Отворено општество во Македонија е член на Централниот одбор на СДСМ. Од лани навидум се пензионираше, но, всушност, си постави лице кое е негов послушник, кое никој не го познава, ниту му го знае името, а ја води истата политика на претходникот. А, тие не се ни кријат дека се дел од СДСМ. Имаат говори против нас на политички митинзи организирани од СДСМ. Затоа ние почнавме да ги поистоветуваме и велиме СДСМ/Сорос“, објаснува тој.

Целта на Сорос, според Груевски, е со помош на неговото богатство е да остварува влијание во две насоки, идеолошко кон создавање т.н. отворени општества и финансиско преку шпекулации и однапред познати политички исходи во одредени земји за да профитира на берзата.

„По некое време, цели институции, цели министерства, можеби, и цели влади и нивни разузнавачки агенции се инфицирани со неговите гледишта, со неговата идеологија, со неговиот поглед и цели. Дополнително, и самите тие си наоѓаат некој дополнителен интерес од таквото дејствување и тераат со сите сили, а ние тука разговараме за Заев или за СДСМ… Каков Заев, какви бакрачи…“, изјавува Груевски за „Република“.

Според него, граѓанскиот сектор во иднина „не смее да остане само во рацете на Сорос и на странски влади“.

„Сорос во Македонија ги направи модерна армија. Да класична армија, НВО Сорос во Македонија ги направи модерна армија. Денес битката не е со пушки и пиштоли како пред 100 години, туку со НВО, корумпирани медиуми и новинари и влијание на моќни странски медиуми и моќни странски влади да нивните политики кон една земја ги насочат во правец на неговите цели. Тоа е реалноста и за жал така дејствува Сорос. И тогаш те прават што сакаат. Те гмечат, те сукаат, како тесто. Ќе те направат и криминалец, и лопов и предавник, и идиот, и неспособен, и монструм, се што ќе наумат. Па оди после ти излези на избори. Ќе ти измислат триста афери, купишта лаги и дезинформации, едно зборуваш, друго се пренесува итн. Може светски медиуми како „Асошиејтед прес“ или „Вашингтон пост“ коректно да ја пренесат информацијата, но не може истото да го направат медиумите финансирани од Сорос фондацијата во Македонија. Но, има лек и за тоа“, вели Груевски.

Лекот го најавува за продолжението на интервјуто.

На прашањето каде ја дочекал Нова година, одговара дека бил  „дома, семејно, а потоа два-три дена Маврово“.

Но, тоа, како што вели, не бил одмор, туку „активен одмор“ на кој си понел материјали, а прочитал и некоја книга.

„Навидум одмор, инаку со мислите работев максимално на планови и на стратегии за понатаму. Носев и некои материјали со мене. Прочитав и некоја книга. „Повторно величествена“ од Доналд Трамп. Многу интересна. Ја препорачувам“, одговара Груевски и објаснува дека во неа му се допаднал ентузијазмот, упорноста, енергијата, жарот, одлучноста…

Се разбира, како што вели, и конкретните планови и идеи на новиот претседател на САД се многу интересни и предизвикувачки…

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе