СЛУЧАЈ ТИТАНИК

Груевски прв дојде на јавната седница на Апелацискиот суд (ФОТО+ВИДЕО)

Прв на јавната седница во Апелацискиот суд Скопје за случајот „Титаник" дојде Никола Груевски, поранешен премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната јавна седница се расправа по жалбите од Специјалното јавно обвинителство на неприфаќање на првостепениот суд на нивните барања за притвор на неколку обвинети во овој случај.

Денеска на јавна седница треба да дојдат и поранешниот министер за транспорт и врски МилeЈанакиески, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Седниците се закажани откако СЈО за случајот „Титаник" се жалеше на одлуката на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 со која на обвинетите место притвор, им беа определени мерки на претпазливост. Жалби на одлуката на првостепениот суд поднесе и одбраната.

Денес на јавната седница во Апелацискиот суд Скопје аргументите за жалбите ќе ги соочат двете спротивставени страни, по што второстепениот суд има рок од 48 часа да донесе одлука. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе