ПО УКИНУВАЊЕ НА АБОЛИЦИИТЕ И ПРЕДЛОГОТ НА СЈО

Груевски пристигна на распит во судот

Екс премиерот Никола Груевски пристигна на распит кај судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, како осомничен во случајот на СЈО „ТНТ“ за уривањето на комлексот „Космос“, објави НоваТВ.

Околу Судот има засилено полициско обезбедување и лица од МВР во цивил. Груевски во судот пристигна со адвокатот Никола Додовски и портпаролот на Владата, Александар Георгиев.

СЈО бара Судот да им одреди мерки за претпазливост на Груевски, бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Односно, одземање на пасошот, ограничување движењето или обврска да се јавуваат во Судот. Тие се осомничени во случајот „ТНТ“, преку кој, како што кажаа од СЈО, е поставена криминална спрега на релација централна власт - локална власт.

Според прес-конференцијата на СЈО од 21 март, екс премиерот и екс министерот го поттикнале градоначалникот на Гази Баба да го сруши комплексот „Космос“, сопственост на Фијат Цаноски, претседател на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ). Како што претходно рекоа обвинителките, рушењето било направено најгрубо и со умисла, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања, а од одмазднички причини, само затоа што некој имал поинаква политичка определба. За Груевски, Јанакиески и Трајковски од претседателот Иванов беше донесена, а два месеци потоа повлечена одлуката за нивно помилување. 

Фото: НоваТВ

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе