Избеганиот премиер во наредните денови ќе го извести и парламентот

Груевски преку Фејсбук соопшти дека се повлекува од пратеничката функција

Поранешниот премиер и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку социјалните мрежи соопшти дека се повлекува од функцијата пратеник. Избеганиот премиер кој е осуден за „Тенк“ одлуката ја соопшти преку неговиот профил на Фејсбук и истакна дека формално ќе го извести парламентот во следните денови.

„Oдлучив да се повлечам од пратеничката функција, а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови. Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со Уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците. Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна поддршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности", напиша Груевски на Фејсбук. 

Предлогот за одземање на мандатот на Груевски беше изгласан со пет гласа „за", на комисиската седница.

За следната недела беше закажано гласањето за предлогот за одземање на мандатот на пленарна седница во Собрание, за што согласно е потребно двотретинско мнозинство.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе