ТРИ ГОДИНИ ПО ПРОПАДНАТИОТ ПОПИС

Груевски предлага попис, Ахмети не одговара

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски писмено му предложил на Али Ахмети, првиот човек на коалицискиот партнер ДУИ две форми за спроведување на пописот на населението во Република Македонија. Предлогот бил испратен пред помалку од два месеца, но одговор се уште нема.

Според дневниот весник Дневник, од ДУИ се бара одговор за две форми на спроведување на пописот - административно пребројување на населението и теренска проверка за неколку прашања. Предлогот е оваа статистичка операција да се спрооведе за две години.

Вицепремиерот Муса Џафери неодамна изјави дека ДУИ не е против административен попис, но смета дека тој не треба да се оптоварува со евиденција на граѓаните што влегле или излегле од државата.

За спроведување на административен попис неопходно е соодветно софтверско решение со кое би се поврзале со податоци од сите државни регистри и така би се дошло до бројки како за време на теренски попис.

И за вториот предлог неопходен е софвер, но оваа операција би се извршила во комбинација со теренски попис.

„За нас пописот во моментов не е приоритет и од тие причини партијата нема став“, вели извор од ДУИ за Дневник. 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе