ДОДЕКА КОМИСИЈАТА РЕШАВА ЗА ПОСЛЕДНИОТ ПРИГОВОР

Груевски пред ДИК: Ако ѝ се одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ, нема да ги признаеме резултатите од прегласувањето (ВИДЕО)

„Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјава, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој пред неколку минути се појави пред насобраните симпатизери на партијата пред зградата на ДИК и прочита проглас на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сакам да ве информирам дека на денешната седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе проглас. ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот, а работата на ДИК се претвори во пародија“, рече Груевски.

Тој изјави дека незаконските одлуки на ДИК може да ги коригира Управниот суд и повика врз судот да не се врши влијание од никого.

„Доколку и тие ги потврдат не законските одлуки на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да ги признае резултатите од тоа прегласување и нема да учествува во прегласувањето“, изјави Груевски.

Тој изјави дека има информации на вмешување на некои странски претставници во правец, како што рече, на постизборен инженеринг. Груевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на состаноци и преговори во кои учествуваат амбасадори или други странски претставници, на кои се носат одлуки за кои одлучуваат претставниците избрани од народот.

„Некои од независните претставници на ДИК не се независни. Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата и тоа мора да запре. Остануваме отворени за соработка, но нема да дозволиме мешање на амбасадори во внатрешнополитичките работи на земјата. Нема да дозволиме аболицираниот криминалец Зоран Заев да формира влада со фалсификат, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи“, изјави Груевски пред присутните.

Тој соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни и хибридни решенија во ниеден сектор доколку нив ги нема кај другите земји-членки на ЕУ и дека нема да дозволи „кантонизација и редефинирање на држава“ под никакви услови и околности.

„Ќе се бориме за десоросоизација и јакнење на независен граѓански сектор. И историски и во сегашноста ВМРО-ДПМНЕ била и ќе биде прозападна партија и насочена кон ЕУ и НАТО. Нивни темели се демократијата, а овој проглас е за заштита на демократијата. Да ја зачуваме Македонија, ова ваше собирање е крик на совеста на секој граѓанин никој да не може да ги фалсификува изборните резултати“, изјави Груевски.

Eве го и прогласот во целост:

Проглас на ВМРО-ДПМНЕ

            1. Државната изборна комисија донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната воља на народот. Работата на Државната изборна комисија се претвори во  пародија имаме информации за вмешување на некои странски претставници со цел вршење влијание на некои од членовите на Државната изборна комисија а во правец на пост-изборен инженеринг и фалсификување на изборната воља на граѓаните на Република Македонија. Некои од независните претставници на ДИК не се не-зависни. Не-законските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд. Повикуваме да не се врши никаков притисок на Управниот суд, од никого.

            Доколку и Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги потврди незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената воља на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека꞉

            Нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување.

            Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира Влада со фалсификувана воља на граѓаните на Република Македонија.

            ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана воља на граѓаните и функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија.

            2. Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но, некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика, мора да престанат да го прават тоа.

            ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно- политичките прашања на земјата и бараме да останат во рамките на на своите мандати и овластувања како дипломати.

            ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци и преговори со други политички партии во кои учествуваат амбасадори, странски посредници или преставници на други земји, а на кои се преговара или носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат претставниците избрани од народот.

            3. ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор, доколку истите ги нема во други земји членки на ЕУ.

            4. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови или било какви околности.

            5. Ќе се бориме за десороизација на Република Македонија, и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и НВО, по теркот на најнапредните демократии во светот.

            ВМРО-ДПМНЕ, и историски и во сегашноста, и во иднина била и ќе биде прозападно ориентирана партија. Нашата ориентација е членство во НАТО и ЕУ и стратешко пријателство со САД. Темелна вредност на НАТО, ЕУ и САД е демократијата и овој проглас е проглас за заштита на демократијата во Република Македонија.

 

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе