Прв сведок пред анкетната комисија

Груевски: Одговорив на сите прашања, ги исцрпеа сите прашања

Речиси петчасовното сослушување на премиерот Никола Груевски за членовите на собраниската Анкетна комисија за прислушувањето минало без некои спектакуларни нови сознанија и досега непознати информации. Вакви се првичните реакции по завршувањето на сослушувањето на првиот сведок пред собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето.

„Јавноста денеска беше спречена да слушне што ќе каже Груевски. Фактички, Анкетната комисија беше торпедирана од страна на Груевски. Ниту прашањата, ни одговорите не беа класифицирани информации и немаше потреба тој да бара седницата да биде затворена“, изјави по седницата Петре Шилегов, претседателот на Анкетната комисија.

„Јас сум сериозен претседател на комисија и нема да одговорам на прашањето, зашто тоа ќе предизвика хумор“, одговори Шилегов на прашањето какви биле одговорите на Груевски.

Груевски по сведочењето изјави дека одговорил на сите прашања и дека бил подготвен да одговара и на други прашања.

„Ја кажав вистината. Единствената причина поради која барав седницата да биде затворена за јавноста е да спречам СДСМ да направи криза. Одговорив на сите прашања. Немаа доволно прашања на крајот. Ги исцрпеа сите прашања. Нема нешто што досега не беше веќе одговорено, не беше споделено со јавноста. Сите одговори досега веќе ги споделив со народот. Вистината што ја бара Анкетната комисија, народот ќе ја каже на изборите на 24 април. Вистинска анкетна комисија ќе се случи на 24 април“, рече Груевски.

Утре пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето треба да сведочи поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, а задутре Зоран Ставрески, министерот за финансии.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе