ПО РАСПИТОТ ВО СУДОТ

Груевски: Немам намера да заминам од земјата, нема некому да ја исполнам таа желба (ФОТО)

Дојдов во судот бидејќи Катица Јанева изразила некаков сомнеж дека ќе ја напуштам земјата и дека нема да се појавувам. Не знам дали некој во државата верува во такво нешто, но, како и да е, се гледа дека СЈО прави чекори кои се нарачани и тоа веројатно го посакува нарачателот, кој во неколку наврати изјави дека не ги признава македонските судови. Веројатно тоа е негова желба, рече денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по едночасовниот распит во скопскиот суд.

 

Груевски во судот беше повикан да даде исказ откако СЈО предложи мерки за претпазливност за бившиот премиер, кој заедно со екс министерот Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски се осомничени во предметот „ТНТ“ за уривањето на „Космос“. Тие се најдоа на листата на осомничени на СЈО откако претседателот Ѓорге Иванов ги повлече одлуките за аболиција. За нив СЈО предложи мерка за претпазливост.

 Според Груевски, она што го прави СЈО е нешто од што ќе се срамат многумина. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не се чувстува виновен и уверува дека нема намера да замине од земјата. Односно, вели тој, ниту ќе го стори тоа, ниту тоа е вистина, ниту некому ќе ја исполни таа желба.

„Знаете, живееме во еден период во кој човекот што изјави дека не ги почитува судовите, односно не ги признава судовите во Македонија, свесен е за својот политички рејтинг, свесен е за големата неподдршка што ја има од граѓаните. Свесен е дека изборите наближуваат и нема уште долго да ги одовлекува. Па со контролата што ја има во СЈО се обидува да изрелативирира работите и да се обиде преку вакви апсурдни покани во судот, и мене, и моите соработници да не прикаже исти или слични како него. Тоа се обиде и во текот на минатата година преку неговите прес-конференции на кои се објавуваа фабрикуваните материјали. И не успеа“, рече Груевски.

Според Груевски, потоа истото лице се обидело преку тоа што издејствувало 100 дена пред изборите да има друг премиер, за спроведување на избори, а верувајќи дека на тој начин ќе дојде на власт и ќе го промени мислењето на граѓаните.

„Тој не го промени мислењето на граѓаните, и сега се обидува на трет начин – постојано ќе бидам повикуван заради апсурдни причини во судот и ќе треба да давам вакви изјави, да се правдам, иако немам никаква вина. Тоа е со цел народот да ја промени перцепцијата и да почне да мисли дека јас и моите соработници сме исти на човекот кој што даваше изјави дека не го признава судот“, рече Груевски.

Инаку, по Груевски во судот на распит влезе уште едно лице за кое се води истрага во случајот „ТНТ“ – градоначалникот Тони Трајковски. 

Според СЈО, екс премиерот и екс министерот го поттикнале градоначалникот на Гази Баба да го сруши комплексот „Космос", сопственост на Фијат Цаноски, претседател на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ). Како што претходно рекоа обвинителките, рушењето било направено најгрубо и со умисла, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања, а од одмазднички причини, само затоа што некој имал поинаква политичка определба. 

Во „ТНТ“, меѓу другите, осомничена е и градежната инспекторка од Гази Баба, Елисавета Најдовска. За неа јавните обвинителките од СЈО рекоа дека била ангажирана од Трајковски, а потоа во населбата Керамидница направила незаконско мерење на максимална височина на нулта-градбата. Потоа составила записник, а направено е и нерегуларно решение со кое се наредува отстранување на објектот, дека наводно се градел незаконски.


Бојан Шашевски
Фото: Роберт Атанасовски 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе