ПО ДЕНЕШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ ВО СДСМ

Груевски: Не се спрема апсење на Заев

Власта не планира апсење на лидерот на опозицијата Зоран Заев. Вака попладнево одговори премиерот Никола Груевски на новинарско прашање како ја коментира изјавата на поранешниот известувач за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит, дека дел од европратениците се загрижени поради можноста за апсење на претседателот на СДСМ.

„Не се спрема апсење на Заев“, кратко одговори Груевски.

Премиерот денеска присуствуваше на отворањето нова спортска сала во скопското село Љубанци.

Груевски рече дека нема да го прифати барањето на Здружението на новинарите на Македонија да даде оставка од функцијата премиер поради обвинувањата од СДСМ дека власта прислушувала повеќе од сто новинари, јави Телма.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе