Груевски ќе се бори со Заев во четвртата изборна единица

ВМРО-ДПМНЕ пред малку ги објави листите со кандидати за пратеници на предвремените парламентарни избори во декември. 

Лидерот на партијата, Никола Груевски ќе биде носител во четвртата Изборна единица, а не како што претходно се најавуваше, во единицата. Во првата Изборна единица носител ќе биде Никола Попоски, во двојката Никола Тодоров, а во третата Изборна единица Илија Димовски.  Антонио Милошоски ќе биде носител на листата во петтата изборна единица, а листата во шестата ќе ја предводи Влатко Ѓорчев.

„Како кандидат за премиер, го очекував во ИЕ1. Не дојде. Во 2014 го немаше на ниту една листа. Сега ја одбра 4-та изборна единица. Затоа јас решив да ја предводам изборната единица која тој ја одбра. Освен што цела Македонија ќе треба да се одлучи за премиер помеѓу нас двајцата, граѓаните во 4-ката ќе имаат можност и директно да одберат помеѓу мене и него. Време е, заедно со народот, да го соочам со реалноста и директно да го победам. После се што се случи, да го добие одговорот од народот за тоа што и го направи на Македонија“, напиша Груевски на својот Фејсбук профил, најавувајќи ги листите. 

Рокот за поднесување на листите истекува на полноќ. ДИК има рок од 48 часа од доставувањето да ги разгледа и потврди листите.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе