За ТВ Алфа

Груевски: Јас имам најголема одговорност за локалните избори и не бегам од тоа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој вечерва беше гостин во ТВ Алфа, обвини дека партијата за време на локалните избори трпела многу притисоци и закани, дека на изборите имало поткуп на гласачи од страна на СДСМ, а за резултатот на изборите рече дека најголемата одговорност ја има тој, како лидер на партијата и додаде дека не бега од тоа.

„ВМРО на локалните избори влезе како фаворит. А што се случи потоа? Се случија уцени, закани и поткуп на гласачите. Имавме убиен човек- кандидат, повредени лица, искршени изборни штабови... Имавме свои политики и ВМРО-ДПМНЕ изврши отстапување од сопствениот идентитет кој го градевме со години. Отстапувањето некои го почувствуваа во првиот дел и многу од нив не излегоа да гласаат. На овие избори се обидувавме да им се допаднеме на некои други, а тоа не им се допадна на нашите традиционални гласачи и затоа тие одлучија да нѐ казнат и да ни испратат порака", изјави претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во магазинот „Седмица" на ТВ Алфа.

Груевски додаде дека треба како партија да го зачуваат својот идентитет, а исто така треба да се зачува и идентитетот на Република Македонија.

„Мораме да извлечеме заклучок и да направиме длабинска анализа. Ова е само првична анализа. За цела ситуација и резултатите на локалните избори најголемата одговорност ја имам јас и не бегам од тоа. На овие избори имаше еден видлив поткуп. Активисти на СДСМ одеа од куќа на куќа со полициско возило. Се случувало во минатите години поткуп главно во руралните средини, но ова сега беше во невидени размери“, изјави Груевски и додаде:

„СДСМ на овие избори вршеше поткуп и тие тоа го правеа со помош на полицијата. Поставивме стража во местата каде што очекувавме дека ќе има поткуп. Вршеа поткуп со сума од 50 евра, а на некои места тоа достигнуваше и до 1.000 евра. За ова немаме документирано сѐ, оти, сѐ не може да се документира, но ги имаме изјавите. Не може сѐ да се документира, оти имаше лица кои се исплашени за својот живот, за своето семејство“.

Груевски обвини дека имало ситуација во која на дел од лица кои учествувале во нападите од 27 април им било кажувано од страна на СДСМ да не излегуваат да гласаат, па можеби и нема да бидат кривично гонети.

„На овие избори му требаше на некому СДСМ да излезе како победник, иако сите знаеја дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит. Изборите се веќе нелегитимни и ова се најнедемократските избори до сега. Во многу од нив сум учествувал, ама ова беа африкански избори. Над 100 луѓе беа прислушувани во изминатиот период. Сега ВМРО-ДПМНЕ е таргет на прислушување. Во УБК отвеорен е предмет под име „Досие“. Ова не е никаде пријавено оти немаме каде да го пријавиме“, изјави Груевски.

Тој рече дека во ниту една држава нема пресуда од 4 години затвор за кубење за коса.

„Ние сме за тоа да има правда, но таа казна од четири години е превисока. Зошто ако СДСМ планира да носи Закон за амнестија, да се осудуваат оние кои влегоа на 27 април во Собрание? Убијци на пет деца да се ослободат, а оние кои влегоа понесени од емоции во Собрание за да ја заштитат држивата, да бидат осудени. Нека ме уапсат мене и нека ми дадат доживотен затвор, но нека не гонат луѓе кои со емоции влегоа во Собрание. Сочувствувам со раната која Заев ја имаше на челото, но зошто таа рана да е поголема од раната на оние кои изгубија блиски од семејството? Ослободуваат лица кои убиле деца, ги ослободуваат обвинетите од „Монструм“ и над 1.050 криминалци. Без оглед дали Груевски ќе биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Заев нема да го скрши духот на партијата“, изјави Груевски. 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе