Реакција

Груевски: Изјавата на Протоѓер за земјиштето на Водно е дел од притисокот врз него

„Обвинителството нема апсолутно никаков доказ дека јас сум купил, а подоцна и продал земјишта и сум купил станови за кои всушност постои писмен доказ дека се изнајмени. Ниту пак може да има доказ, бидејќи такво нешто не се случило“, стои во најновата објава на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, која е реакција на сведочењето на неговиот поранешен соработник Мартин Протоѓер, на денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно".

„Протоѓер кажал дека понекогаш покрај политичките разговори сме разговарале и приватни работи. Всушност денес тој цело време говорел за наводни приватни разговори меѓу нас двајцата без присуство на трети лица, па на крајот и самиот на прашање на еден од адвокатите потврдил дека за тоа што го кажал нема никаков доказ. Оној дел од неговата изјава каде говори дека во некој момент сум му спомнал дека сум земал земјиште на Водно од 10 илјади метри квадратни не само што е неточна, туку ценам дека е дел од притисокот и уцената кој врз него систематски се прави од страна на партиски контролираното обвинителство. За волjа на вистината тој веднаш се коригирал на некој начин и тоа со три интервенции“, напиша Груевски.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе