ПО ПРЕГОВОРИТЕ ВО БРИСЕЛ

Груевски го обвини Заев за пропаднатите преговори, социјалдемократот: „Нема пазарење!“

Откако неуспешно, без договор, завршија преговорите во Брисел, двајцата лидери на најголемите политички партии излегоа со различни ставови за она што се разговарало и се договарало на средбата. 

Груевски во изјава по состанокот го обвини Заев за пропаднатите преговори и рече дека тој се плаши да излезе на избори и се плаши од соочување со народот.

„Заев не дојде да се договори, тој дојде да не се договори. Човекот се плаши од избори. Знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско - најголемиот пораз на СДСМ во неговата историја. Ни договор сака да постигне, ниту избори да има. Атмосферата што ја градеше последниве денови укажуваже дека не сака да постигне договор. Сака да ги одврати инвеститорите и да ја држи државата во постојана криза. Да држи два милиони народ во заложништво“, рече Груевски за Заев.

Опозицијата, пак, информира дека Груевски не сакал да се договори за преодна влада и за условите за кои се дискутирало, но премиерот рече дека сето тоа било шпекулација и дека ако било така, ќе се постигнело договор, а „ова е само изговор“. 

Лидерот на СДСМ смета дека преговорите пропаднале оти „неразумно и нелогично е креаторот на кризата Никола Груевски да ја раководи владата што ќе ги подготвува изборите“. 

„Нашите услови се јасни, нема пазарење со слободата и демократските вредности што граѓаните ги заслужуваат. Груевски е подготвен сите да ги продаде. Да направи чекори, сè да направи само тој да остане на чело на Владата. Ние нема да дозволиме Груевски да организира уште едни криминални избори. Ако имаме избори што ќе ја изразат волјата на граѓаните, тој ќе го доживее поразот што години досега го заслужува. Мора да се обезбедат услови за независни, фер и демократски избори“, рече Заев во изјава за Алсат М.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе