АПЕЛАЦИСКИ СУД

Груевски: Едвај чекам да ја докажам мојата невиност

Со задоволство ќе се појавам на секоја покана од судот и едвај чекам да ја докажам својата невиност пред јавноста. Јас сум семеен човек, имам сопруга која е вработена, две малолетни деца кои одат на училиште и двајца возрасни родители на кои допрва ќе им бидам потребен. Никогаш не сум помислил да побегнам. Убеден сум дека не постои кривично дело кое сум го сторил и немам причина да се плашам и да бегам. СЈО води политички прогон против мене и моите соработниции. Знам дека нема и не може да има какви било докази оти такви не постојат, изјави претпладнево на јавната седница на Апелацискиот суд Скопје, обвинетиот Никола Груевски во случајот „Титаник“.

Груевски додаде дека имал многу прилики да побегне, оти како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер доста патувал, но секогаш се враќал.

Груевски нагласи дека секогаш кога добивал покана доаѓал во судот и тоа го потврдува и фактот што секогаш се појавувал на рочиштата во судската постапка за нарачаните шамари во општина Центар

Со постапките против мене, рече Груевски, СЈО прави обид за моја политичка дискриминација, деградација и елиминација како и обид за мое понижување.

„Се подготвувам да победам на изборите и да ја вратам ВМРО-ДПМНЕ на власт. А СЈО сака да ме спречи во тоа. Мојот политички опонент, против кого има судска постапка, ги одбегнува рочиштата со образложение дека има средби со амбасадори, кои може кога било да ги оствари. Како може за него да нема, а за мене СЈО да бара мерки“, праша Груевски за време на неговото излагање.

Неговата адвокатка Сања Алексиќ пред судиите на Апелацискиот суд рече дека СЈО им доставило 5.178 докази, односно 29.000 страници доказен материјал. Првиот дозволен увид на одбраната бил овозможен на 14 февруари. Адвокатката Алексиќ обвини дека три месеци се малку за да се направи увид во доказниот материјал за потоа нејзиниот клиент да може да се јави на распит во СЈО.

Според одбраната на Груевски постапката за притвор е еднакво строга како и онаа со која се носи пресуда и со барањето за определување мерка притвор му се прекршени сите права на обвинетиот.

Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство Гаврил Бубевски наведе дека мерката притвор ја бараат раководејќи се од неговото однесување бидејќи Груевски бил недостапен за СЈО. „Освен една покана која тој лично ја прими на 6 април, ние не можевме да му врачиме нитуе една друга покана, Останатите десетина покани ги прими неговото обезбедеување, а обвинетиот има обврска да се јави на поканата само доколку лично ја прими. СЈО ја бара мерката притвор и ако таа не биде определена, натамошниот тек на постапката ќе биде оневозможена. Постои можност од бегство, а влијанието врз сведоци е најголемата причина поради која бараме притвор. Бараме судот да го преиначи решението и на обвинетиот да му определи мерка притвор“, рече Бубевски.

Судијата известител, цитирајќи делови од жалбата, рече дека од банкарските сметки кои СЈО ги обезбеди за Груевски, утврдено било дека тој имал 10 милиони денари, 46.000 евра и 7.000 франци и со оваа сума лесно може да побегне и да го продолжи својот живот во која било земја.

Груевски е обвинет во случаите на СЈО „Титаник“ и „Таргет“ за злоупотреба на службената положба, за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право и злоупотреба на средства за изборната кампања.

К.Д.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе