Груевски до Мета: Притворот на Едмонд Темелко е доказ за политички притисок и нечовечки третман

Македонско- албанските односи, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на Република Македонија биле главни теми на средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со претседателот на Албанија, Илир мета, на која присуствуваа и генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет, Александар Николоски.

На средбата, како што соопштија од партијата, биле реафирмирани заложбите за отворена економска и политичка соработка меѓу двете држави базирана на принципиелна основа.

Груевски кажал дека во поглед на остварувањето на приоритетот за влез во НАТО значајна е поддршката на сите земји членки на алијансата, вклучително и на  Албанија, а додал дека постојат заеднички предизвици за напредок на патот кон ЕУ, во чие надополнување соработката е добредојдена.

„Груевски, запознавајќи го својот соговорник за актуелните случувања во државата го отвори и случајот со притворот на Едмонд Темелко кој е единствениот Македонец по потекло градоначалник во Република Албанија. Тој истакна дека одлуката за притвор е резултат на политички притисок и не е заснована на правни принципи. Воедно Груевски изрази загриженост за неговата здравствена состојба која е влошена, и која е доказ за нечовечко однесување и постапување спрема човекот кој е борец за човекови права и градоначалник во општина во Албанија“, се вели во партиското соопштение.

Според него, од соседните држави треба да се очекува политика на заемно почитување и придонес за зајакнување и исполнување на приоритетите. Таквата политика, како што кажал, ќе доведе до релаксирање на атмосферата и градење на доверба која е потребна за економски и политички напредок на регионот. „Занимавањето и потенцирањето на етноцентристички теми и идеи не придонесуваат за развој на добра атмосфера и меѓусебна доверба“, додал Груевски.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе