На средба во албанското Социјалистичко движење за интеграција

Груби во Тирана побара и партиска помош за помасовно попишување на дијаспората

Вицепремиерот Артан Груби побарал од градоначалникот на Тирана како и од лидерката на албанското Социјалистичко движење за интеграција со свој ангажман и преку нивните структури да ја повикаат дијаспората за учество на пописот во Македонија. Во разговорите во главниот град на Албанија постигната била согласноста  дека тоа прашање е важно за целиот регион. Груби се пофали дека досега се попишале над 120 илјади лица од дијаспората.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска во Тирана се сретнал со градоначалникот Ерион Велиај, а од кабинетот на Груби соопштија што конкретно побарал од градоначалникот.

„Му честитав на Велиај за неговата работа и посветеност за Тирана и од него побарав, неговото темпо со кое тој работи за главниот град на Албанија да го пренасочи во успешен повик за дијаспората на Република Северна Македонија со цел позитивно да одговори на процесот на пописот што веќе е започнат на 1 март.“, кажал Груби на средбата

Велијај од негова страна пак, упатил апел „за регистрација на дијаспората на Република Северна Македонија, бидејќи со оваа постапка тие исполнуваат морална и достоинствена обврска“.

Претходно, Груби имал средба со претседателката на Социјалистичкото движење за интеграција Моника Криемади, а во фокусот на разговорот, како што соопшти неговиот кабинет, биле соработката меѓу двете држави и пописот на населението во Северна Македонија.

Од кабинетот информираат дека Груби побарал од Криемади „преку структурите на нејзината партија да ја повика дијаспората на Северна Македонија да се попише на пописот што започна на 1 март“.

Двајцата соговорници се согласиле дека „сега е време целата дијаспора од Северна Македонија да ја исполни својата должност и да придонесе за доброто на сите граѓани не само во Северна Македонија, туку и на целиот регион“.

Инаку, денеска Груби преку својот Фејсбук искажа задоволство од текот на пописот во дијаспората.

„Дијаспората e одлична. 23.000 граѓани повеќе во последните 24 часа, вкупно 122.500 попишани граѓани. Заедно повеќе", напиша Груби.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе