Објаснување од премиерот

Груби веројатно не знаел дека целиот Закон за јазици е испратен во Венециската комисија, вели Заев

ДУИ знаеле дека цел закон е испратен во Венециска комисија, вели премиерот Зоран Заев, а пратеникот Артан Груби веројатно не знаел затоа што не е член на Владата, вели премиерот Зоран Заев.

„Владата има записник и дебата. Ние сите мора да бидеме искрени во нашите намери кога работиме за оваа држава затоа и правиме храбри чекори во делот на овозможување на одредени права на нашите граѓани. Затоа и се доставени двата члена, но и целиот Закон”, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Пробиштип.

Тој најави дека деновиве ќе се формираат и работните групи на кои, како што рече, заедно коалициски да може да го утврдат начинот како да се спроведат препораките од Венециската комисија. 

Заев додава дека за ова прашање од сите страни доаѓаат коментари бидејќи се ближат избори, но, според него, и покрај то, законските решенија некогаш и живот значат за граѓаните.

Пратеникот Груби вчера изјави дека ДУИ не знаела оти целиот текст на Законот за јазици ќе биде испратен пред Венецијанската комисија, туку очекувале да бидат испратени само деловите кои се однесуваат на парите, хартии од вредност и униформите.

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе