Груби-Вајгл: Брисел да ги валоризира напорите на Македонија

Известителот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл на средбата со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби, во врска со подготовката на годишната Резолуција за напредокот на Македонија, во Комисијата за надворешна политика (АФЕТ) истакнал дека ќе биде афирмативен, но дека е потребен и политички, граѓански и етнички консензус за заедничко делување во спроведувањето на ЕУ реформите.

Вајгл, како што стои во соопштението од Комисијата за европски прашања, како приоритетни ги посочил судските реформи и реформите од корпусот на владеењето на правото.

Со средбата со европратеникот Вајгл, Груби ја заврши посетата на Брисел, а тројцата европратеници ја прифатиле поканата да учествуваат на регионалната конференција што ќе ја организира собраниската Комисија за европски прашања во февруари следната година.

На средбите Груби истакнал дека Македонија ја цени досегашната поддршка на ЕУ на политички и на економски план, но во духот на новите позитивни процеси кои најавуваат оптимистични прогнози за забрзана интеграција на земјите од регионот, побара да се валоризираат напорите на Скопје за реализирање на бараните реформи со тргнување на условената препорака и добивање на датум за преговори за прием во ЕУ.

„Парламентарното мнозинство, но и граѓаните на Македонија, со посветеност работат на исполнување на очекувањата од Брисел, и очекуваме дека и пријателите од Европската унија догодина ќе испорачаат во согласност со нашите стремежи“, рекол Груби.

 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе