Груби со чешки сенатори: ЕУ ја препозна македонската успешна приказна и не награди

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, заедно со членовите и замениците на Комисијата имаа работна средба со Делегација на Сенатот на Чешката Република, предводена од Јири Шестак, потпретседател на Сенатот на Чешката Република.

Средбата, како што рекол Груби, се случува во многу интересен момент, пред објавувањето а Извештајот за напредокот на земјата од страна на Европската комисија. Според него, Европската комисија, како резултат на постигнатиот напредок, безусловно ќе препорача отворање на преговорите за членство со Македонија.

“Македонија со воспоставувањето на новото реформско мнозинство докажа дека може да биде успешна приказна и за релативно краток период да испорача резултати кои пријателите од ЕУ ги препознаа и соодветно наградија”, рече Груби на средбата со своите чешки колеги.

Тој информираше дека чекорите што неодамна беа преземени и кои резултираа со потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, од партнерите во ЕУ се оценети како позитивен чекор напред и пример во регионот за начинот на изградба и унапредување на добрососедските односи.

„На истиот начин, во духот на добрососедство и взамено рабирање се прават напори за надминување на спорот за името со Грција, при што, од страна на Груби беше оценето дека решението е поблиску од било кога“, се наведува во соопштението од Комисијата.

На средбата се зборувало и за заокружувањето на легислативниот елемент од Охридскиот договор како особен придонес кон воспоставување на кохезивно и стабилно општество.

Груби ја истакнал и скорешната конструктивност на опозицијата и нивната одлука да се вратат во работата на Парламентот за да дадат свој придонес во заокружувањето на реформските законски проекти во интерес на евроинтегративната иднина на Република Македонија. Тој, исто така побарал и конкретна поддршка од Чешката Република за помагање на процесите кои ќе овозможат добивање покана за членство на Македонија во НАТО.

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе