Груби: СЈО е беспредметно, законитоста на одлуката за преземање на предметите од ЈО под прашање

Коалицискиот партнер во владата, Демократската унија за интеграција на Али Ахмети ја става под знак прашалник вчерашната одлука на Јавното обвинителство да ги преземе предметите од СЈО. 

„Законитоста на една одлука донесена во услови кога подносителот е во притвор, со однапред поднесена оставка и веќе започната постапка за разрешување во Собранието е под голем знак прашалник”, ни изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби. 

Тој, како што вели, ги споделува резервите на дел од политичките партии кои што не се дел од преговорите, но и на фелата и на јавноста. 

„Но, секој си сноси одговорност за своите постапки, било да се тоа политичари, обвинители или судии”, вели Груби во изјавата за МКД.мк. 

Според Груби, ставот на неговата партија е дека мора да постои правна извесност и одлуки кои што се законски, општоприфатливи и кои што влеваат доверба кај граѓаните. 

„Со предавањето на предметите, односно на случаите во Јавното обвинителство, СЈО е беспредметно”, вели тој и додава дека за ваков тек на настаните не слушнал сличен пример. 

Во меѓувреме, обвинителот Јовески во изјава за „360 Степени” потврди дека во државното Јавно обвинителство, преку судија на претходна постапка, вчера пристигнало уште едно писмо од Катица Јанева со кое таа лично дава писмена согласност за редовното обвинителство да може да гони по предметите на СЈО. Со тоа, според него, расчистени се процедуралните дилеми во врска со предавањето и преземањето на случаите на специјалното обвинителство што се појавија во СЈО и во ЈОРСМ по првите дописи на Јанева, со кои ги овласти обвинителите-помошници да ги предадат случаите.

 

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе