Тензии во ДУИ и на локален план

Груби се пофали со нова поликлиника во Сараj, „огнената“ општина демантира

Првиот вицепремиер Артан Груби преку својот фејсбук профил се пофали дека за помалку од една година е завршена изградбата на поликлиника во Сарај, која ќе биде од регионален карактер. Но, од општината Сарај, каде градоначалник е Блерим Беџети, „огнениот“ сопартиец на Груби, реагираа со демант во кој се вели дека Груби шири дезинформации.

Артан Груби напиша дека е завршена „ветената изградба на регионалната поликлиника во Сарај со површина од 1.600 м2, која ќе ги опфати следните услуги: дневна амбуланта за семејна медицина, стоматологија, педијатрија, лабораторија, рентген соба, аптека“.

Груби истакнува дека преку ангажман на Владата проектот е завршен за помалку од една година колку што бил предвидениот рок.

Од Сарај побрзаа да го демантираат владиниот функционер. Општина Сарај, каде градоначалник е Блерим Беџети, кој е еден од истакнатите членови на „огнената група“ во ДУИ која бараше разрешување на Артан Груби од сите партиски и државни функции, веднаш упати демант во кој е наведено дека поликлиниката не е завршена.

„Станува збор за дезинформација“, се нагласува во демантот на изјавите на Груби.

Се чини дека Артан Груби брзо реагирал по демантот од Општината, па така од неговиот сопартиец Мухамед Рама, кој е на чело на општинскиот совет, стигна реакција во која се вели дека поликлиниката е завршена и дека ветеното пред граѓаните е исполнето.

И сега, дали е или не е завршена поликлиниката во Сарај? И дали таа е подигната со пари од граѓаните, односно државата, или од ДУИ? Тоа се само мали дилеми наспроти препукувањата меѓу огнените и неогнените од ДУИ.

П.Џ.

 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе