Вицепремиерот за стравувањата од бугаризација на Македонија

Груби: Римјаните, Византијците, Отоманите, Србите па ни Бугарите не успеале да ги асимилираат Македонците

Навредливо е двајца политичари со анти - ЕУ и проруска агенда во 21 век да го плашат македонскиот народ со асимилација. Па тоа не им успеало ниту на Римјаните, Византијците, Отоманите, Србите ниту пак на Бугарите. Францускиот предлог не е најдоброто решение, но подобро нема да добиема никогаш! Ова го изјави вицепремиерот Артан Груби кој им препорача на политичките елити да го прифатат францускиот предлог за кревање на бугарското вето.

„Рокот за зачленување на Македонија во ЕУ е вчера, немаме повеќе време за чекање, затоа ги молам партиите да го прифатат т.н.француски предлог, да го усвојат и да ја задолжат Владата за нула компромис во однос на јазичните, историските, идентитетските и образовни особености на македонскиот народ и на оваа држава, па Владата да пристапи кон преговори за отпочнување на првата меѓувладина конференција“, рече Груби на прашањето до кога е рокот во државава да се донесе одлука во однос на францускиот предлог.

Во 2011 година имавме решение за спорот со Грција, кој беше подобар од тоа што го добивме со Преспанскиот договор, кој ни наложи уставни измени и ерга-омнес на новото име на државата, оцени Груби и додаде дека предлогот усогласен во ЕУ не е најдобар, но дека „подобар никогаш нема да добиеме“.

Во 21 век е навредливо македоскиот народ да се плаши од асимилација, рече Груби и нагласи:

„Не успеале ниту Римјаните, ниту Византијците, ниту Отоманите, Србите, ниту пак Бугарите да го асимлираат македоскиот народ. Никој во денешно време тоа нема да успее да го стори. Народот го плашат двајца политичари кои секојдневно протестираат со антиевропски дух и проруска агенда. Па дали вас новинарите некој ве асимилира? Како човек кому му го оспорувале јазикот, ви гарантирам дека такво нешто нема да се случи“.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе