Според неофицијалните информации

Груби прв вицепремиер, Османи министер за надворешни работи, Димитров ги презема евроинтеграциите

Квалитетни, чесни, одговорни и отчетни кадри ќе бидат предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи коалицискиот договор, најавуваат коалициските партнери СДСМ и ДУИ.

Освен договорот за Талат Џафери да остане претседател на Парламентот, засега имињата на кадрите не се објавуваат, освен неофицијални информации кои доаѓаат од партиски извори. Според неофицијалните информации, лидерот на ДУИ, Али Ахмети овојпат се одлучил за неколку имиња кои треба да бидат потврдени вечер на Централниот совет на партијата. Артан Груби, неофицијално ќе биде прв вицепремиер за политички систем, Бујар Османи ќе се префрли во Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии ќе го води Фатмир Бесими, Министерството за економија Крешник Бектеши, Министерството за животна средина Насер Нуредини, а за Министерството за информатичко општество се споменува Ширет Елези, но овој предлог, како што велат нашите извори, уште не е сигурен.

Од Министерството за надворешни работи заминува Никола Димитров, кој според нашите информации ќе биде вицепремиер за европски прашања, Венко Филипче останува во здравство, а Оливер Спасовски од премиерската фотелја се враќа во Министерството за внатрешни работи.

Движењето Беса, како дел од коалицијата „Можеме“ наводно ќе го добие Министерството за земјоделие.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе