Интервју на првиот вицепремиер

Груби: Приштина да не стравува од „Отворен Балкан“, Ахмети направил повеќе за Косово отколку за Македонија

Иницијативата „Отворен Балкан“ не може да му наштети на Косово, од Али Ахмети и премиерите Еди Рама и Дритан Абазовиќ Косово не може да очекува ништо лошо па, Ахмети има направено повеќе за Косово отколку за Македонија, рече првиот вицепремиер Артан Груби во гостувањето во емисијата „Балкански муабети“ на новинарот Франко Ерго на Еуроњус Албанија. Груби нагласил дека во четири од шест земји на Западен Балкан политички фактор се Албанците, а дека во Македонија секој може да зборува на албански јазик, како што и самиот зборува во Владата.

На прашањето дали преку иницијативата „Отворен Балкан“ лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерите на Албанија и Црна Гора Еди Рама и Дритан Абазовиќ, двајцата Албанци, му прават штета на Косово, Груби рече дека Ахмети направил повеќе за Косово, отколку за Македонија и дека врз основа на овој факт, Ахмети не може да направи или да мисли ништо лошо за Косово, пренесуваат медиуми на албански јазик.

Груби нагласил дека Косово е добредојдено во „Отворен Балкан“ и дека ништо лошо  за Косово не може да ce очекува ниту од Еди Рама, ниту од Артан Груби, ниту од Дритан Абазовиќ.

„Косово во која било регионална иницијатива е четврта земја со Албанци, a го имате Един, мене и Али, го имате и Дритан. Во четири од шесте земји на Западен Балкан доминираат албански елементи и не можат да дозволат Косово да биде оштетено и дискриминирано", рече меѓу другото Груби.

Тој рече дека во „Отворен Балкан“ ништо не е задолжително и дека Косово би имало многу можности и придобивки.

„Можете да учествувате како набљудувач, како што тоа го прави Дритан, можете да одлучите дека билатералните договори се само билатерални. Косово може да ги потпише тие договори за слободно движење на луѓе и стоки за да си помогне и да си помогнеме меѓусебно,  меѓу Приштина и Скопје, Приштина и Тирана", изјави Груби.

Во контекст на бугарските условувања кон Македонија од страна на Бугарија, Груби рече дека тоа е неправедно кон земјата во која нема дискриминација и во која за разлика од други земји, постои договор за меѓуетнички соживот.

„Сите ние зборуваме на албански јазик во Македонија, и тоа на сите нивоа. Еве јас во Владата зборувам на албански јазик, исто така зборува и претседателот на парламентот Талат Џафери. Сите“,  рече Груби во интервјуто.

Сепак, рече, државата има свои „црвени линии“, рече Груби во контекстот на бугарските услови за кревање на ветото за почеток на преговори со ЕУ и рече дека „се разбира, не можеш да ги убедиш Македонците дека до 1945 година биле Бугари, каква што е бугарската перцепција - тенденција“. Тоа се пречувствителни прашања.

Toj илустрира дека во Македонија се направени сериозни чекори, меѓу кои Охридскиот и Преспанскиот договор, како многу силни и значајни документи и нагласи дека Албанците имаат и универзитети на албански јазик и дека учествуваат во власта на највисоко ниво.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе