На средба со претседателот на Албанија

Груби побара поддршка и од Илир Мета за да се знае бројот на Албанците

За време на посетата на Тирана, вицепремиерот Артан Груби побарал и од претседателот на Албанија Илир Мета со повик кон дијаспората да се вклучи во давањето поддршка за пописот на населението „како витален проект за Албанците во земјата и во дијаспората“ и заедно заклучиле дека е важно да се знае точниот број на Албанци.

Во соопштението од кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби се вели дека тој денеска во Тирана бил примен од претседателот на Албанија Илир Мета и дека, меѓу другото, разговарале за пописот на населението во Македонија.

„Груби на ова средба ја отвори и темата за пописот како витален проект за Албанците во земјата и во дијаспората, додека заедно со Мета апелираа масовно да се регистрира дијаспората за да се знае точниот број на Албанци што живеат во Република Северна Македонија“ се вели во соопштението.

Инаку Груби на истата тема разговарал и со градоначалникот на Тирана, како и со лидери на партии и исто така побарал од нив да се вклучат во повиците дијаспората во што поголем број да се самопопише преку елетронската апликација на Државниот завод за статистика.

Во сооштението за средбата со претседателот Мета се вели и дека било разговарано и за патот на заедничката интеграција на Скопје и Тирана кон Европската Унија при што, заеднички тој пат го оцениле како полн со предизвици и дека мора да се финализираа со успех за двете земји.

Било оценето дека соработката меѓу двете земји е на високо ниво и дека нема спорни прашања.

 

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе