Груби по средбите во Софија: Оптимист сум

Само една недела по посетата на бугарскиот премиер на Скопје, денеска со заедничката средба на нашите влади во бугарскиот главен град се конкретизира изразената подготвеност за соработка и добрососедство во поконструктивна и подинамична димензија, вели по завршувањето на официјалната посета на Софија, Република Бугарија, вицепремиерот Артан Груби. 

 

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби придружуван од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, претседаваше со работната група од областа на културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот.

Четвртата работна група во чиј  фокус се културата, образованието и науката, туризмот, како и младите и спортот, реши како задача да преземе чекори за изработка на сеопфатна програма за соработка во овие области.

Груби го изрази својот оптимизам за позитивната атмосфера и постигнувањето на многу заеднички проекти меѓу двете земји.

„Многу позитивна атмосфера и многу топло гостопримство од нашите бугарски колеги и штотуку ја завршивме првата седница на комисијата за култура, образование и наука, млади и спорт и туризам и јас сум огромен оптимист за постигнувањето на многу заеднички проекти кои ќе ги реализираме во следните месеци, потпишуваме многу меморандуми за соработка меѓу двете страни и ценам дека оваа седница на комисијата, но и пленарната седница што ќе следи ќе биде успешна и убеден сум во многу оптимистички резултати од целата наша посета на Софија“, нагласи Груби.

На седницата на работната група за образование, култура, наука и млади беа дефинирани заедничките приоритети во овие области: објавување на огласот за лого и слоган на заедничките владини седници, составување на заеднични културен календар, унапредување на соработката меѓу универзитетите од нашите земји за поатрактивни студиски програми, размена на искуства и можност за практична настава, организација на заеднички научни конференции, организирање на еден фудбалски натпревар меѓу владините кабинети, интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата за млади и спорт на Македонија и Министерството за млади и спорт на Бугарија, заемно промовирање на атрактивните туристички дестинации и продлабочување на соработката во областа на туризмот како силна предиспозиција на економскиот развој.

Седницата  меѓу двете влади во Софија е важен чекор кон решенија од заеднички интерес кои ќе донесат придобивки за нашите народи и заедничка иднина во Европската Унија, реќе Груби.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе